понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Законот за попис се усогласува меѓу коалициските партнери

Законот за попис се усогласува меѓу коалициските партнери

Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.

–Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред, истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Инаку, Зоран Заев и Али Ахмети се договорија- граѓаните да се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдија неодамна за тв 24 од двете партии. Според информациите законот е во финална фаза, според планираното се очекува да помине на влада.

До крајот на март да се изгласа во Собранието. Според информациите освен етничката графа, која што предизвика низ дилеми во јавноста, вториот спорен момент, од пропаднатиот попис во 2011 та –попишувањето на ислениците што се повеќе од една година надвор од државата е усогласен- тие ќе се попишуваат, но според информациите нема да влезат во вкупното население. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.

Дека има договор за најжешкото прашање-етничката графа во 24 анализа и официјално потврди министерот за администрација кој беше дел од преговорите. И од дуи потврдуваат дека се усогласени клучните позиции. Порачуваат дека етничка графа ќе има, но велат за деталите треба докрај да се прецизира текстот на законот. Од заводот за статистика кој што ќе ги спроведе пописот идната година, а кој што беа вклучени во преговорите не сакаа да откријат детали за законот. Но, кусо велат дека најдоброто во идниот попис е што нема да има пописна комисија која што е политичка, но и дека ќе се користат повеќе регистри и нема да има можност за злоупотреби. Последен пат успешен попис имаше во 2002, по 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.

Најнови вести