Заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети во Владата.
Покрај Заев и Ахмети, на средбата присутни биле и новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, како и првиот вицепремиер Артан Груби.
По средбата не беа предвидени изјави за медиумите.