вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗДРАВСТВЕН КОЛАПС: 204 починати за една недела, зголемување на смртните случаи за 18,6%

ЗДРАВСТВЕН КОЛАПС: 204 починати за една недела, зголемување на смртните случаи за 18,6%

204 смртни случаи од 24 града се пријавени во периодот од 16-22 ноември, велат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Овој број на починати лица е зголемување од 18,6% во однос на минатата недела.

-Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во однос на бројот на новозаболени, во наведениот период се потврдени 7.486 позитивни случаи од 35 градови, што е зголемување во однос на минатата недела од 1,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.

Најнови вести