Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули 2020 година.
Во периодот 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е 8 повеќе смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 81,8%.
41 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5%) регистрирани се претходни коморбидитети.