Поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон од притвор во Германија излезе со кауција од 75 илјади евра, а за поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР, Оливер Поповски не се доволни 125, односно 54 илјади евра за ослободување од притвор.
Скопскиот Апелациски суд ги сменила одлуките на Кривичен, поранешиот шефот на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР Оливер Поповски да бидат пуштени да се бранат од слобода со гаранција со што засега остануваат во притвор, јавува Телевизија Телма.
Понудениот недвижен имот во висина од 54 илјади евра за Ѓошевски и недвижности во вредност од 125 илјади евра за Поповски, не биле соодветни. Од судот за Телма велат дека ги анализирале сите околности, меѓу кои и висината на понудената гаранци.
-Во конкретните случаи понудената гаранција не е пропорционална на тежината на кривичното делото односно преземни дејствија за кои се товарат и во моментот таа гараницја не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство на обвинетите, велат од Апелација.
Засега само поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков би можел да излезе од Шутка бидејќи понудениот недвижен имот е во вредност од 600 илјади евра.
Во Германија која е најголемата економска сила во Европа и каде што граѓаните имаат 8 пати поголем БДП по глава на жител, кауцијата е скоро двојно помала од имотот кој бил понуден за Ѓошевски. За Пучдемон се бараа 75, а за Ѓошевски 125 илјади евра не беа доволни, па судот ќе бара поголем имот.
Инаку, Пучдемон во Шпанија е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија.