вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Почина пациент во ковид центарот во Тетово

Почина пациент во ковид центарот во Тетово

Во изминатите 24 часа еден пациент почина во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово. Починатиот бил роден во 1961 година.

– Починатиот пациент имал две хронични болести и не бил вакциниран. За 24 часа во ковид-центарот имаме десет прегледи, а има вкупно четири лица на болничко лекување, информираше д-р Хасан Илјази.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, досега во Тетово имало 13 343 заболени од Ковид-19, додека активни се 94 случаи.