Повторно е отворено штипското Кожно одделение за прием на пациенти заразени со коронавирусот, но со полесна клиничка слика. Оваа одделение е отворено од вчера, а во него според здравствениот билтен се хоспитализирани четири пациенти.
Изминатите денови Инфективното одделение беше на работ на исполнетост и под притисок од пациенти со тешка клиничка слика. Во моментов во него има 49 пациенти, а 31 од нив се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа новопримени се седум, а на домашно лекување се испратени шестмина пациенти. Во дневната амбуланта прегледани се 55 пациенти. Битката со вирусот ја загубиле четворица пациенти, од кои двајца од Кочани и по еден од Штип и Пробиштип на возраст од 69 до 82 години.