среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Состојбата со Ковид-19 во Гостивар се влошува

Состојбата со Ковид-19 во Гостивар се влошува

Последните бројки од ковид статистиката за Гостивар се алармантни. Речиси десетина од активните случаи во земјава се на територијата на трите гостиварски општини. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 82 новозаразени. Од компликации со коронавирусот починале две повозрасни лица. Влошената епидемиолошка состојба во градот упатените ја толкуваат со непочитување на заштитните мерки, со оглед дека најголемиот број на новоинфицирани се од семејни кластери и прослави.

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа во гостиварско имало 82 позитивни тестови на Ковид-19. Пријавени се две починати лица (67г и 72г). Во Гостивар има 370 активни случаи.

Зголемениот број новозаболени го потврдуваат и медицинарите во гостиварската болница. Раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски вели дека нагло е пораснат и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Одделението е речиси полно и се планира повторно отварање и прием на болни во модуларната болница.