На три локации во околните населени места на Прилеп водата за пиење не е здравствено исправна.
Ова е установено при последните анализи од Центарот за јавно здравје од Прилеп.
– Без претходно вриење од 10 минути, не смее да се користи за пиење водата од чешмата среде селото Леништа, на едно место во селото Лагово и на уште едно мерно место во селото Беловодица – известуваат од Центарот за јавно здравје.