понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом – Кичево

Започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом – Кичево

Покрај вработените во Општата болница, кои од вчера започнаа со вакцинирање против Ковид-19, за овие два дена ќе бидат вакцинирани и 59 здраствени работници директно вклучени во лекувањето на болните од овој вирус.

Од денеска започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом во Кичево, кои во повеќе групи ќе ја примат вакцината во модуларниот ковид-центар во Скопје.

– Денеска првата група наши вработени ќе ја примат вакцината против Ковид-19 во модуларниот ковид центар во Скопје. Потоа перостанатите вработени од Брзата помош, поделени во четири групи од по шест лица ќе патуваат за Скопје за да се вакцинираат. Засега вакцина ќе примат само вработените од првата помош и тоа од 32-ца вработени во оваа служба, четворица не се согласни да примат вакцина против Ковид-19, информира директорот Џабир Бајрами.

Тој нагласи дека по пристигнувањето во земјава на поголеми количества вакцини ќе се вакцинираат сите вработени во Здраствениот дом.

-Бидејќи земјава располага со ограничен број вакцини, затоа во приоритетна група се само вработените во брзата помош, кои секојдневно се во директен контакт со секаков вид болни, па и од Ковид -19, и затоа им се даде предност при вакцинацијата. Кога ќе пристигнат најавените, поголеми количества, тогаш ќе се вакцинираат сите преостанати вработени од Здраствениот дом Кичево, додаде директорот Бајрами.