среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Отстранет покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром

Отстранет покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром

Центарот за управување со кризи информира дека е отстранет покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром.

-По пријава на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 – 2 12 во Општина Аеродром се спроведе успешна координација и реализација на отстранување на опасноста, со ангажман на институциите од Системот за управување со кризи, во координација со Општина Аеродром, велат од ЦУК.