сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов не се јавува да одговори дали со коцки од град Скопје си ја градел викендицата во Маврово

Шилегов не се јавува да одговори дали со коцки од град Скопје си ја градел викендицата во Маврово

Редакцијата на ,,Лидер” телефонски разговараше со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, кого го прашавме дали вилата на Петре Шилегов во Маврови Анови, во нејзиниот двор се реди со гранитна коцка, од депоата на град Скопје, која била извадена од плоштадот и улица Македонија.

Валон Салиху за „Лидер“ кажал дека е на одмор и пратил мобилен телфон од извесен Влатко и e-mail за контакт со медиуми. Но Влатко не одговорил на телефонски повици, а не вратил ниту е-mail со одговори на прашањата. Лидер во текстот вели дека не им било дозволено ниту да направат фотографии од депото во град Скопје, за да проверат дали уште таму стојат коцките кои беа извадени од плоштадот и улица Македонија.

,Лидер” направи екслузивни фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нас, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица Македонија.

На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради Скопје тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендица.

Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт сеуште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели. Сега гледаме зошто таткото на градот нема време за Скопје и градските пробелеми, се вели во текстот на „Лидер“.