среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Вкупно 151 лице се лекува на инфективните одделенија во Скопје

Вкупно 151 лице се лекува на инфективните одделенија во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67
пациенти.

Вкупно 151 пациент потврден и сомнителен за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.