четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје хоспитализирани 52 нови пациенти

Во Скопје хоспитализирани 52 нови пациенти
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид 19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 639 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.