понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Дизни обвинет за бесправно користење песни на Мајкл Џексон

Дизни обвинет за бесправно користење песни на Мајкл Џексон

Компанијата која управува со оставината на Мајкл Џексон ја тужи „Дизни”, оти во еден од последните проекти на телевизијата Еј-Би-Си, како што наведуваат, дошло до нелегално користење на интелектуалната сопственост на покојниот поп-пејач.

Се работи за специјалната емисија „Последните денови на Мајкл Џексон”, што беше емитувана минатата недела. Во обвинението се вели дека нелегално се користат „делови од највредните песни”, меѓу кои и „Billie Jean”, „Bad”, како и спотовите „Thriller” и „Black and White”.

Компанијата тужител тврди дека во емисијата, исто така нелегално, се користат и исечоци од документарни филмови коишто и припаѓаат.

Еј-би-си смета дека сите процедури околу авторските права се испочитувани.