Оркестарот Калуш објави дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија
Украинските победници на „Евровизија“ најавија дека започнуваат турнеја низ Европа со цел да соберат пари за војската и добротворните организации во нивната земја.
Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата.
Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија иако тоа до лани на пример беше невозможно, бидејќи трофејот се предава од еден на друг победник секоја година.
Фронтменот на групата Псјук, објави дека директно од ова музичко натпреварување заминал на фронт.