Македонија ќе го отвори овогодишениот музички натпревар Евровизија кој ќе се одржи во Ротердам, Холандија од 12-16 мај.
Според објавата на официјална страна на Фејсбук на натпреварувањето, Македонија ќе настапи како прва земја во првата полуфинална вечер.
Пејачот Васил Гарванлиев е избран за македонски за оваа година. Песната допрва ќе се избира.
Васил е познат на македонската сцена повеќе години. Го паметиме како слаткото момче кое ја испеа „Марионка“ на Златно славејче.
Потоа тој замина во САД, Италија и Канада, каде што живееше со години. Се врати во Македонија и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.