понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Големо освежување: Талентиранта Марија Спасовска ја буди македонската тинејџ сцена со песната „Играј со срце“ (ВИДЕО)

Големо освежување: Талентиранта Марија Спасовска ја буди македонската тинејџ сцена со песната „Играј со срце“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска со песната „Играј со срце“ конечно ја раздвижува тинејџ сцената во Македонија. Вчеравечер на 30. мај во „Public room“ во Скопје се одржа промоцијата на првиот видео запис на Марија Спасовска, за тинејџерската песна „Играј со срце“.

„Играј со срце“ е песна која освојува уште на првото слушање и ги буди најискрените емоции кај секој од нас. Иако е наменета за младата тинејџ популација, никој не останува рамнодушен на ритамот на песната и извонредниот вокал на Марија.