КУРИР излезе на терен и спроведе анкета, односно ги праша граѓаните дали го следеле македонскиот настап на Евровизија, како им се допадна и дали заслуживме да одиме во финалето.
Поголем дел од граѓаните одговорија дека не гледале воопшто Евровизија, некои зад камерите проговорија дека песните и изведувачите кои нè претставуваат на Евровизија веќе не се компетентни за тоа музичко натпреварување и поради тоа ја изгубиле желбата да ги следат настапите.
Дел од анкетираните граѓани одговорија дека не им се допаднале ниту песната ниту изведбата.
Анкетата може да ја проследите во продолжение: