Пејачката Неда Украден најверпојатно ќе биде дисквалификувана од годишениот избор на српски претставник за Евросонг.
Песната под име „Бомба“, Неда ја објавила во декември, а правилата на изборот говорат дека песната не смее да биде изведена пред фестивалот.
-Објавив три нови песни. Една од нив беше погодна за промоција на таква манифестација. Јас сум некој кој сака предизвик. Прво, тоа ме радува, немам некои претензии, но песната е атрактивна. За мене тоа е одлична промоција на „Бомба“, а се останато е бонус, неодамна изјавила Неда со што потврдила дека е прекршено едно од правилата на конкурсот.