среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Од колено на колено“: Маестрален етно албум на Александар Јовевски пред македонската публика

„Од колено на колено“: Маестрален етно албум на Александар Јовевски пред македонската публика

Концертна промоција на албумот : „ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО” – 19.09.2023

Македонска Филхармонија – мала сала – почеток 20 часот

„Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес за РМ. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури.

На носачот на звук „Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција, но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски.

Покрај тоа што е музички лидер на етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти во државата Александар Јовевски со овој нов проект „ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, придонесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон.

На концертот ќе има специјални гости, а тоа се Етно составот Монистра , еден од најетаблираните етно групи во Македонија , амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во светот и гудачки квартет.

-Повелете на 19-ти септември во Македонска Филхармонија со почеток во 20 часот заедно да уживаме во македонската музика создадена од виртуозот Александар Јовевски и ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО да си ја зачуваме македонската традиција и култура. Билети за концертот може да обезбедите онлајн преку продажната мрежа на Купи Карти За Се , вели Александар.

“Александров Танц” е неговата најнова композиција која е најава за концертната промоција на албумот.