среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Мелем за душа – македонски етно звук: „Скопски приказни“ на Александар Јовевски и Петар Ренџов

Мелем за душа – македонски етно звук: „Скопски приказни“ на Александар Јовевски и Петар Ренџов

“Скопски приказни ” е албум кој припаѓа на македонскиот етно звук со надградена хармонска, ритмичка и звучна прогресија.

Авторите Петар Ренџов (со досега издадени три етно-џез ЦД-а) и Александар Јовевски, основач и член на етно составот Монистра (со издадени 2 албума во етно стил и 2 албума како композитор и аранжер), и со минатогодишно авторско првенче “Од колено на колено” ја започнаа својата приказна.

Како автори во овој албум се јавуваат на пет композиции и четири аранжмански преработки на стари македонски песни. Како вокална солистка се јавува Ивана Стојановска, наградувана со освоено прво место во Босна и Србија, за изведби на македонски традиционални песни. На албумот гостуваат Павел Ренџов – Перкусии и Горан Ѓешовски – Бас.

Со аудио-видео записот “Пролетна Пеперутка” – видео кое го изработи Милчо Узунов и 3Д Проџект студио, авторите заедно ја најавуваат промоцијата на проектот “Скопски Приказни” закажана на 22.08.2023 во Атк клуб со почеток во 20 часот.

„Ве каниме на 22ри август заедно да ги споделиме со Вас 9-те скопски музички приказни на Петар Ренџов и Александар Јовевски“ – велат тие.

Албум „Скопски приказни” – изведувачи: Александар Јовевски – кавал, пиано, тамбура; Петар Ренџов – гитара; Павел Ренџов – перкусии и Горан Гешовски – бас.