четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ова досега не се случило во „Ѕвездите на Гранд“: На нашиот кандидат Јасмин му мереа температура на сцена, а тој „растури“ како и секогаш! (ВИДЕО)

Ова досега не се случило во „Ѕвездите на Гранд“: На нашиот кандидат Јасмин му мереа температура на сцена, а тој „растури“ како и секогаш! (ВИДЕО)

Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.

Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата.

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.

„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.

„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.

Погледнете го настапот на Јасмин: