Српскиот пејач Дадо Полумента претрпе сериозни повреди денеска кога при фрлање на петарда му е повредена раката. Тој се обрати преку социјалните мрежи, порачувајчќи им на луѓето да не фрлаат петарди.
-Со оваа фотографија, сакам да апелирам до сите луѓе кои сакаат да фрлаат петарди, а посебно до децата. Петардите веќе не се како што беа некогаш кога бев јас дете. Ова се воглавно кинески производи и повеќете се целосно лоши и опасни по живот, напиша Полумента на социјалните мрежи.
Вели дека „добро поминал“ со повреди на „само“ два прста и 30 конци.
-Не дај боже тоа да беше мојот Доријан, или некое друго дете, раката ќе му беше разнесена, бидејќи експлозијата се случи предвреме. Човек не може да стигне воопшто да ја исфрли од рака, а имаат разорна моќ како динамит. Во Нови Сад многу луѓе завршија со реакција на итна помош, помлади и постари лица, вели пејачот.
Тој додава дека ова искуство го споделува за да може некој да се спаси, или барем да обрне внимание.
-Им благодарам од срце на екипата од Брзата помош, му благодарам на Бога што двата прста ми се спасени. Не си играјте со овие работи, зошто навистина се опасни по живот, напиша Дадо на фотографијата со повредата.