понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Роби Вилијамс пресече, обожавателите во шок: Оваа песна веќе никогаш нема да ја пее на концертите

Роби Вилијамс пресече, обожавателите во шок: Оваа песна веќе никогаш нема да ја пее на концертите

Британскиот пејач Роби Вилијамс (43) одлучи една песна никогаш повеќе да не ја пее на концертите.

Дури и оние кои не се негови обожаватели признават дека „Angels“ е една од најубавите песни кои е снимена, а фановите на пејачот останаа во шок по ваквата негова одлука.

-Секој пат мора да се воздржувам да не заплачам и да не изгледам патетично. Ги гледам луѓето во публика кои на почетокот на песната ги креваат сликите на своите родители кои се починати и помислувам „Боже, сега ќе заплачам“. Тоа многу емотивно ме исцрпува, објаснува Роби.

Песната „Ангели“ е објавена во декември 1997 година, а во 2005 година во Велика Британија беше прогласена за најдобра песна во последните 25 години.