Руските хакери се обидуваат да ги саботираат претставниците на Украина на Евросонг, пишува Daily Mail.
„Killnet“, групата која го поддржува Путин, наведе на апликацијата Телеграм дека ќе ги блокира онлајн сервисите за гласање со цел Украина да не добие поддршка од јавноста на натпреварувањето.
„Не можете да гласате онлајн? Можеби за се е виновен нашиот DDOS напад“, напишаа тие во објавата.