вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Судот ќе пресече: Доколку се докаже дека победничката песна на Евровизија е плагијат, Израел ќе го загуби изборот (ВИДЕО)

Судот ќе пресече: Доколку се докаже дека победничката песна на Евровизија е плагијат, Израел ќе го загуби изборот (ВИДЕО)

Победата на Израел на Евросонг 2018 е загрозена откако една од најголемите светски музички компании се закани дека ќе ги тужи композиторите на израелската песна поради повреда на авторски права.

Компанијата „Universal Music Studios“ испрати писмо пред тужба до Дорон Медалие и Став Бегер кои заедно ја компонирале победничката песна на Нета, за која тврдат дека е копија на хитот “Seven Nation Army” од групата White Stripes од 2003 година.

Ако ова тврдење се докаже на суд, Израел би можел да биде дисквалификуван од Евровизија, како и да го изгуби правото да биде домаќин следната година.