понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Украина и годинава најсериозен кандидат за победа на ЕВРОВИЗИЈА: „Творчи“ и нивното „Челично срце“ убедливо водат во обложувалниците (ВИДЕО)

Украина и годинава најсериозен кандидат за победа на ЕВРОВИЗИЈА: „Творчи“ и нивното „Челично срце“ убедливо водат во обложувалниците (ВИДЕО)

Украина пред повеќе од еден месец го избра својот претставник на Евровизија 2023- оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни. Електронското дуо Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го избран само претставникот кој ќе ги претставува, а допрва се работи на изборот на песна.

Но и покрај тоа, на четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се веќе отворени, а Украина на нив и годинава убедливо води.

Обложувалниците на украинсите претставници „Тврочи“ и песната „Челично срце“ им даваат дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните сè уште не се познати.

Шведска, која сè уште нема избрано свој претставник и песна, има импресивни 10% шанси за победа.

Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.