Били Ајлиш е автор и изведувач на нумерата која го следи новиот филм за Џејмс Бонд. Таа е најмладиот изведувач кој некогаш снимил песна за најпознатиот светски таен агент.
Песната за „No Time to Die“ ја напишала со постариот брат Финес.
– Лудо е да бидеш дел од ова на кој било начин. „Џејмс Бонд“ е најслатката филмска франшиза која постоела. Сè уште сум во шок – рекла Били.