петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Слушнете ја песната за Детската Евровизија – „Животот е пред мене“ пеат Лара, Јован и Ирина

ВИДЕО: Слушнете ја песната за Детската Евровизија – „Животот е пред мене“ пеат Лара, Јован и Ирина

Објавена е песната и видеозаписот за истата која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг.

Лара, Јован и Ирина ќе не претстават со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчески, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.

На евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.

Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.