Бројните српски поп и фолк ѕвезди летото го минуваат на море во Црна Гора. Што работно, што приватно, а меѓу сите нив и Аца Лукас. Прочуениот боем и бекрија, навечер настапува, ама затоа преку ден… ужива по бројните кафеани и ресторани на будванскиот брег.
Објективите на папараците на српски Телеграф го уловија токму во такво расположение во една меана во стариот град на Будва.
Шмекерски и опуштено, Лукас во машко друштво, пие, пуши, ужива… Додека сите се капат и сончаат, Аца – фаца, кулира и дегустира: малку црногорска лоза, малку „Кока кола“… Течен микс за добро утро!
Извор:ВИСТИНА.МК