понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Актерката ги занеме сите во Кан: Овде беше неговото место за лов, тој тука ме силуваше!

Актерката ги занеме сите во Кан: Овде беше неговото место за лов, тој тука ме силуваше!

Италијанската актерка Азија Арџенто беше една од првите жени кои јавно го обвинија Харви Вајнстин за сексуално злоставување.

Таа минатата година во Њујорк признала дека на филмскиот фестивал во Кан, далечната 1997 година, ја присилиле на орален секс. Таа тогаш имала само 21 година.

Актерката сега повторно се најде на црвениот тепих во Кан, а на завршната церемонија одржа навистина еден тежок говор.

Неочекувано, имаше потреба да ги потсети сите на случајот со некогашниот филмски могул Харви Вајнстин, се реши повторно гласно да го нагласи проблемот кој со децении се буткал под тепих.

-Харви Вајнстин ме силуваше токму овде, во Кан во 1997 година. Овој фестивал беше неговото ловиште. И ќе ви речам нешто. Харви Вајнстин веќе никогаш нема да биде добредојден тука. Повеќе нема да ја срамоти заедницата која некогаш го прифаќаше и ги прикриваше сите негови злосторства. Дури и вечерва има такви кои се одговорни за неговото однесување. Вие не припаѓате во оваа индустрија. Знаете кои сте. А што е уште поважно и ние знаеме кои сте. Нема да ви дозволиме да се извлечете,  била јасна Азија.

После нејзиниот говор сите присутни останаа нема, за неколку секунди подоцна да се слушне громогласен аплауз.

Најнови вести