Пред гостувањето во едно американско ток шоу популарната Ева Лонгорија која треба да се породи ова лето и за прв пат да стане мајка ги насмеа сите.
-Спремна сум, ви ветувам дека ќе бидам будна, напиша идната мајка на својот Инстаграм профил со што измами илјадници насмевки кај нејзините фанови.
Инаку таа во емисијата призна и дека кога ќе земе да работи нешто по десет минути легнува да се одмори. „Да се направи човечко суштество е навистина тешко“, вели актерката.