недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ја понесе пред новогодишната атмосфера – еве како се појави на настап, сите зумираа да се уверат во овој детаљ под сакото (ФОТО)

Цеца ја понесе пред новогодишната атмосфера – еве како се појави на настап, сите зумираа да се уверат во овој детаљ под сакото (ФОТО)

Секогаш најпосетени се настапите на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Каде и да пее, без разлика дали е клуб, ресторан или на отворено, има многу луѓе.

Затоа и не е чудно што претходните денови голем број нејзини обожаватели од различни градови на Србија отпатуваа на Копаоник, каде што настапуваше фолк дивата.

Цеца пееше на популарната српска планина во ресторанот „Национална Класа“, кој беше преполн и се бараше место повеќе.

Ражнатовиќ штом излезе на сцената ја поздрави публиката воодушевена што ги гледа во толкав број.

Следеа нејзините најголеми хитови, а гостите ја пееја секоја песна заедно со неа.

Покрај одличната атмосфера, Цеца ја воодушеви публиката и со својот елегантен стајлинг.

Носеше црни свечени панталони, додека горе имаше сребрено сако, под кое имаше само црн градник на себе.

На нозете носеше високи потпетици, додека на главата имаше елегантна пунџа и обетки.

Foto: Filip Plavčić

Најнови вести