Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Цеца Ражнатовиќ е една од најбогатите жени во Србија, а нејзиниот имот се проценува на неверојатни 68 милиони евра.
Споменатиот портал, кој го мери богатството на јавните личности ширум светот, пишува дека Цеца е најпопуларната пејачка на Балканот и дека заработува огромни пари.
View this post on Instagram
– Таа е една од најпопуларните пејачки и најбогата жена во Србија.Нејзиното богатство се проценува на 80 милиони долари, што е околу 68 милиони евра. Нејзиниот жанр може да се опише како комбинација на фолк и поп. Досега има издадено 18 албуми и 7 компилации – меѓу другото е напишано во текстот за српската везда.
Според приказните што кружат на сцената, Цеца заработува најмногу од настап, бидејќи нејзините хонорари достигнуваат и до 100.000 евра од вечер.
– Цеца е убедливо најплатената фолк sвезда на Балканот и нема рамноправен кога е во прашање заработката. Не излегува на сцена за помалку од 50.000 евра, а нејзиниот новогодишен настап достигнува и до 100.000 евра.
– Цеца рекламира само докажани брендови. Таа многу внимателно ги избира компаниите со кои соработува и многу добро наплатува за рекламирање. Таа зема до 6.000 евра за една објава на Инстаграм.
Добро упатен извор навел дека Цеца поседува и неколку луксузни недвижнини ширум Европа.
– Таа наследи многу вредна вила покрај стадионот „Маракана“ од нејзиниот покоен сопруг. На нејзино име се и недвижностите во Будва и Кипар – пишува „Информер“.
И Бреговиќ и Чола се „полни како брод“.
Според Celebritynetworth, Здравко Чолиќ и Горан Бреговиќ се најбогатите пејачи на Балканот. Богатството на секој од нив се проценува на 20 милиони евра.
View this post on Instagram
– Чола е српскиот Том Џонс. Има издадено 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот „Маракана“, потоа „Ушче“, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во Белградска Арена, каде што го слушаа 110.000 луѓе – пишува споменатиот сајт.
View this post on Instagram