Пејачката Цеца Ражнатовиќ беше уапсена во 2003 година по убиството на Зоран Ѓинѓиќ, одведена во Централниот затвор и ставена во самица во рамките на полициската акција „Сабја“. Таму поминала три месеци, постојано грижејќи се за децата. Таа откри низ какви искушенија поминувало нејзиното семејство во тие денови и со што се соочувала.
Во мојата куќа упаднаа дури 150 полицајци. Немаше потреба од тоа, можеа да ме поканат да дојдам во станица! Тие потпреа четири долги цевки на слепоочница на Анастасија. Таа имаше само четири години. Додека се случуваше сето ова мислев само на неа и на Вељко. За среќа, моите родители успеаја да ги спречат да слушаат лаги за мене. Таса и Вељко со години веруваа дека сум била на турнеја низ Америка 121 ден – изјави Цеца која се сеќава на првата вечер во затвор.
– Беше страшно, не можев да ги затворам очите, само плачев. Триесет дена бев во самица, без право на посета, менза, адвокати и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите. Во ќелијата имаше кревет, маса и клупа, а на ѕидовите беа испишани стихови од моите песни. Се сеќавам кога го видов тоа, си помислив: „Боже, каква иронија!“ После еден месец добив цимер, па имав со кого да разговарам и да плачам.
Таа раскажува и дека децата и преживеаја голгота поради акцијата.
-После излегувањето од затвор, секој ден ги запираше интервентна полиција и ги вадеше од автомобилот. Синот не можеше да се запише во училиште затоа што имаше документ дека не бил подобен да се врати меѓу другарите во забавиште затоа што мајка му била апсена во „Сабја“. Тоа е дискриминација – заклучи Цеца.
Таа беше ослободена без да и биде покренато обвинение.