Светлана Цеца Ражнатовиќ на ЈуТјуб годишно заработува 150.000 евра! Фолк-ѕвездата стана рекордерка во регионот, а притоа таа е првата пејачка која на популарниот видеосервис има милион следбеници, а нејзините видеа, видео спотови вкупно имаат дури милијарда и пол-прегледи!
View this post on Instagram
Токму поради тој рекорд Цеца Ражнатовиќ и во доба на коронавирусот заработува добро.
View this post on Instagram
„Цеца го отвори својот канал на јутјуб во 2012 година и на него ги постави сите спотови, но и разни интервјуа, дури и снимката од својата свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите тие снимки имаат милионски прегледи, а најпопуларна песна на каналот ѝ е „трепни“ од 2016 година, која има повеќе 77 милиони прегледи“ – за српски „Информер“ раскажува извор близок на пејачката, и додава:
„Цеца нема потпишано договор со ниедна продукција, за разлика од поголемиот број нејзини колеги, па со никого не мора да го дели приходот. Јутјуб на неспонзорираните канали, каков што е нејзиниот, заработката им ја исплатува на крајот на годината. Така цеца последниве три години заработуваше околу 100.000 евра годишно, а последниот пат на сметката ѝ беа уплатени повеќе од 150.000 евра. Снимките на цеца се хит низ целиот свет, секаде каде што живеат наши луѓе. Неодамна прослави милион следбеници на јутјуб“ – изјавил пријателот на цеца.
View this post on Instagram