среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дали е ова новото момче на КАРЛЕУША? Пејачката ФАТЕНА „на дело“ со познат актер

Дали е ова новото момче на КАРЛЕУША? Пејачката ФАТЕНА „на дело“ со познат актер

Српската пејачка Јелена Карлеуша, која неодамна се најде во центарот на скандал поради кавга со синот на Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ, е видена со актерот Лазар Ристовски во елитен хотел во Нов Белград. Тие биле фотографирани од папарацо на српски „Курир“ за време на разговорот во ресторанот на луксузниот објект.

Оние кои ги виделе, се сомневале дека двајцата (ќе) соработуваат. На неодамнешната прес конференција на која Јелена го најави новогодишниот настап во Белград, таа откри дека работи на проект кој „досега не е виден на нашите простори“. Во прашање е наводно документарен филм кој долго време сака да го сними, а кој ќе го придружува објавувањето на нејзиниот нов албум „Алфа“.

За ова излегување пејачката се дотерала во црн комлет, брендиран ремен околу половината, а нејзината руса коса е собрана во висока пунџа. Кога го завршиле разговорот, срдечно се поздравиле и се прегрнале, а потоа секој заминал на своја страна, пишуваат српските портали.

Заедничките фотографии од Јелена и Лазар може да ги погледнете – ТУКА.

Најнови вести