Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера се сретна со Светлана Цеца Ражњатовиќ, а повод за оваа средба беше тужбата која „кралицата на Србија“ ја поднела против „српската МАЈКА“.
Рочиштето се оддржа во Основниот суд Еден, а иако некои медиуми пренесоа дека атмосферата во судницата не била сјајна, таа информација не е потврдена.
Она што е сигирно – никој не сака да биде таму.
Имено, Карлеуша за оваа прилика одбра комбинација со која јасно стави до знаење дека воопшто не сака да биде таму.
Таа облече елегантни сиви пантолани, црна ролка и сако на кое беше испишана интересна порака „not in the mood“, а тоа во превод значи „не сум расположена“.
Фотографиите кои беа направени при доаѓањето и заминувањето од судот пејачката ги објави на својот Инстаграм профил, а веднаш доби поддршка од своите колешки пејачки.
„Госпоѓетина“, напиша Мира Шкориќ, а Драгана Мирковиќ на англиски напиша “гори“.
Да потсетиме дека сопругот на Јелена, фудбалерот Душко Тошиќ се уште не дошол во вилата на Дедиње, а не е ни познато дали разговарале со Јелена.
Она што е познато дека тој потпишал некакви документи, за кој Душко е многу среќен. Како што пишуваат српските медиуми, не се работи за документи за развод, туку за транфер за кој Душко договарал.