Денеска се навршува 21 година од убиството на сопругот на Цеца Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Семејството како и секоја година, така и оваа се појави на неговиот гроб за да го одбележат овој датум кој е врежан во нивните животи.
Цеца заедно со Вељко и Анастасија приложија цвеќе на споменикот на командантот на српската доброволна гарда, а потоа со поп беше одржан и помен.
Она што речиси сите го забележаа беше плетената кошница која семејството и минатата година ја носеше, а во неа имаше пченица, вино и свеќи.
Foto: Foto: ATA images