Речиси нема некој што не го знае надворешниот изглед на вилата на Цеца на Дедиње во Белград.
Сепак малкумина имале можност да ја видат внатрешноста на оваа вила која се крие далеку од очите на јавноста.
Сепак иако Цеца честопати со децата објавува само мали детали од домот, овој пат нејзината ќерка Анастасија откри нешто што предизвика лавина коментари.
Имено Анастасија додека Цеца е во Кипар на одмор заедно со нејзината сестра и внуците објави фотографија од реновираната дневна соба во која седи на уникатен рачно изработен кревет кој е вистински хит во моментов.
Фановите веднаш се воодушевија од Цеца која го уредила домот по свој терк следејќи го трендот.
Инаку досега фановите претходно можеа да видат дека Цеца спие на голем брачен кревет со бела кожа, Анастасија на кревет со златни детали, а Вељко и Богдана на брачен кревет со персонализирана постелнина.