четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ѕирнете во станот на Анастасија вреден 750 илјади евра – ќерката на Цеца во него живее со момчето, откри и кога ќе се венчаат (ФОТО)

Ѕирнете во станот на Анастасија вреден 750 илјади евра – ќерката на Цеца во него живее со момчето, откри и кога ќе се венчаат (ФОТО)

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражњатовиќ на Инстаграм објави како изгледа едно нејзино утро, но и дел од станот во Дорќол каде живее со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.

Анастасија често позира во природно издание без шминка, па по миење на косата се фотографирала со крпа на главата и пењоар пиејќи кафе, а тоа го објави на социјалните мрежи. Во позадина се гледа дел од станот во кој живее со момчето. Се забележува дека мебелот во нивниот стан е бел, а како што пишуваат српските медиуми парот за станот одвоил 750 илјади евра.

Да потсетиме, Анастасија Ражњатовиќ заедно со своето момче Ѓорѓе Кулиќ купи стан во Дорќол, и неодамна откри и дали планираат да се венчаат.

„Не знам кога ќе има свадбени ѕвона, треба прво да се свршиме, па мора него да го прашате тоа. . Сега направивме поголем чекор, се преселивме во нов стан.

Уживаме и убаво ни е, не брзаме никаде. Млади сме и сè нека оди по својот тек. Немам потреба сега тоа да го официјализирам со документ”, изјави таа.

Најнови вести