сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Емина го тужи бидејќи не плаќа алиментација за децата, а ќе прави свадба од бајките – Мустафа ќе фрли брдо пари за венчавка со оваа жена (ФОТО)

Емина го тужи бидејќи не плаќа алиментација за децата, а ќе прави свадба од бајките – Мустафа ќе фрли брдо пари за венчавка со оваа жена (ФОТО)

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал за еден месец ќе го каже судбоносното „ДА“ на својата партнерка Мелис Сутсуруп. Пејачот и неговата 19-годишна избраничка ќе се венчаат во Рим на 3 јуни, а гала прославата ќе се одржи од 10 до 12 јуни во луксузен хотел во Мармарис, за што ќе издвои околу 200.000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, на прославата ќе има околу 80 гости, а младенците за сите организирале сместување, но и авионски превоз. Прво на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе прави свадба во истата бавча, а потоа со гостите ќе се спушти на плажа каде ќе се забавува место. Свадбата ќе заврши со „прекрасен ручек следното утро“, стои во поканата.

Сите трошоци ќе ги сноси Сандал, кој за овој период изнајмил поголем дел од хотелот. На местото на ова луксузно сместување ги проверивме цените, за две ноќевања, колку што престојуваат гостите, чинат во просек по 500 евра. Тоа значи дека пејачката ќе даде дури 40 илјади евра само за сместување. Ако се земе предвид дека цените на авионските билети во просек се движат меѓу 300 и 500 евра, Мустафа за тој луксуз ќе плати околу 30 илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

Голем број турски ѕвезди ќе пеат тридневна прослава, за што Сандал ќе плати околу 100.000 евра. Кога станува збор за храната, се ќе организира хотелот, кој ќе чини околу 20 илјади евра, пишуваат турските медиуми. Додаваат дека ќе се служи најскапиот шампањ, а ќе има и огномет за кој ќе дадат десет илјади евра. Сума сумарум, сето тоа Мустафа ќе го чини 200 илјади евра, што за него е ситница, со оглед на тоа што е еден од најпопуларните пејачи во Турција.

Инаку, неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ минатата година го тужеше, бидејќи не плаќал издршка, но судот го прекина предметот. Откако поднел противтужба, Сандал достави докази дека откако се развеле во јуни 2018 година, платил вкупно 1,8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

Најнови вести