Дали во судската пракса имало примери каде од бегалец од правдата се завршува во домашен притвор?
Српската пејачка Емина Јаховиќ неодамна проговори за односот со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, а во таа прилика пејачката открила дека тој не ги исполнува своите обврски кон своите синови.
Имено Емина тврди дека откако се развеле во 2018 година, а тоа е повеќе од две години тој не ја плаќа алиментацијата за нивните два сина Јаман и Јавуз.
-Мустафа повеќе од две години не плаќа алиментација за нашите синови, сите обврски се на мене, вели пејачката и додава дека нејзиниот поранешен сопруг не го почитувал договорот кој го имале меѓусебно.
-Требаше да ни купи куќа во Белград, но тоа не го направи. Исто така имавме договор да го покрие здравственото осигурување на децата. Најтешко ми падна кога отидов на лекар и докторот ми кажа дека на децата не им било платено здравствено осигурување со месеци, вели пејачката за српските медиуми.