вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Еве како изгледале во младоста: Објавена стара фотографија од Цеца и Ана, некогаш беа во естрадна војна, а денес работат заедно

Еве како изгледале во младоста: Објавена стара фотографија од Цеца и Ана, некогаш беа во естрадна војна, а денес работат заедно

Со години беа во “оладени“ односи, но овие две пејачки некогаш биле многу блиски.

Иако секоја сабота ги гледаме заедно како членови на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, сега на социјалните мрежи се појави стара фотографија од Ана Бекута и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Станува збор за фотографија направена во 1990-та година од снимање на многу популарна музичка емисија во тоа време, а една страница на Инстаграм ја сподели на својот профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐅𝐀𝐍 (@cecanastasija)

Оваа стара фотографија од двете популарни пејачки предизвика бројни реакции и коментари, а многумина ја коментираа нивната природна убавина.

Да потсетиме, веќе подолго време се шпекулира дека Цеца и Бекута се во лоши односи и со години не разговараат. Во 2021-ва година Ана откри како се согласуваат со оглед на тоа што се во жирито на истиот музички натпревар.

-Ние сме цивилизирани луѓе. Вистина е дека имавме недоразбирање пред неколку години. Имено, таа не се појави на мојата прослава по повод 30 години кариера и ми беше бесмислено. Сепак, го измазнувавме односот и функционираме, рече пејачката.

Најнови вести