Славниот брачен пар Викторија и Давид Бекам со хеликоптер овие денови пристигнаа во Будва на островот Свети Стефан каде со децата се на својот годишен одмор.
Она што на големо пишуваат сите балкански медиуми е тоа дека Викторија ниту еднаш не влегла во јадранското море поради тоа што водата била многу ладна.
Но и покрај тоа тие решиле да инвестираат во свој дом во Будва.
Имено на поранешниот фудбалер во око му паднал еден стан од 200 квадрати кој е на последниот кат од едена луксузна зграда во Будва.
-Летуваа на Свети Стефан, но го заобиколија целото приморје. Особено им се допадна Будва и се распрашуваа за инвестирање во луксузен стан кој има и спа центар, вели близок извор до парот.