недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Аца Лукас се огласи по шокантната вест дека е изрешетан со 15 куршуми

ФОТО: Аца Лукас се огласи по шокантната вест дека е изрешетан со 15 куршуми

Не е реткост познатите личности да бидат прогласени за мртви на социјалните мрежи, што често предизивикува паника кај нивните најблиски и кај обожавателите.

Овој пат, во таква ситуација се најде српскиот пејач Аца Лукас кој веднаш за демантираше веста дека бил изрешетан со 15 куршуми во центарот на Белград.

-Што да кажам освен на стручњакот кој го смисли ова да му посакам се најдобро, бидејќи очигледно не е баш најдобар. Впрочем, воопшто не му е добро. Но, како што велат „Што и е на бабата мило, тоа и се сонило“. Овој пат, за жал на овој дегенеретик, бабата имаше „фејк“ сон. Кој и да го смислил ова можам да му кажам да не го дочека тоа што му се мотка во глава и секако „горе“ да оди пред мене, што и ќе се случи. Бидејќи такви идиоти не треба да живеат. Се можам да замислам, но дека некој посакува и објавува туѓа смрт, тој навистина не е за живот. Пријатели и обожаватели, добро сум, жив и здрав. И ќе бидам уште долго, напиша Лукас на социјалните мрежи.

Најнови вести