вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Двејн Џонсон повторно стана татко, „Карпата“ објави емотивна фотографија

ФОТО: Двејн Џонсон повторно стана татко, „Карпата“ објави емотивна фотографија

Тиана Гиа Џонсон дојде на овој свет како сила од природата и нејзината мајка ги издржа болките и се породи како вистинска рок ѕвезда, напиша актерот Двејн Џонсон на социјалните мрежи објавувајќи дека повторно станал татко на ќерка.

Џонсон третата ќерка ја доби со пејачката Лаурен Хашиан, а со приновата се пофали на Инстаграм објавувајќи емотивна фотографија.

-Благословен сум и горд што донесов уште една силна девојка на овој свет, напиша актерот под фотографијата.

Тој вели се израснал со силни жени полни со љубов како и дека со нив е опкружен цел живот, но сега кога присуствувал на раѓањето на Тиана му е тешко да ја искаже новата љубов, почитувањето и восхитувањето кое го има кон својата девојка и сите мајки и жени во светот.

-Еве совет до сите мудри џентлмени. Критично е да се биде до својата дама кога раѓа, да се биде што поголема поддршка, да се држи за рака, нога. Но, ако навистина сакаш да го разбереш еден од најмоќните и основни моменти кои животот може да ти ги понуди, гледај како ти се раѓа детето, истакнува „Карпата“.

Тој и вети на новородената ќерка, исто како што тоа го направи и со постарите Симон Алехандри (16) и Јасмин Лиаи (2) кога се родиле, дека ќе ја штити, води и ќе ја смее до крајот на својот живот.

Најнови вести