Пејачката Јелена Карлеуша јавно побара закон и казна затвор за сите оние кои ги малтретираат другите на социјалните мрежи.
Имено, Јелена се огласи по самоубавиство на младата српска јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ.
-По повод страшните вести дека се самоубила домашна јутуберка поради сајбер злоставување имам да го изјавам следното:
„Прво на семејството му изразувам најдлабоко сочувство, не сакам ни да ја замислам болката на семејството, мајката, во овој момент… второ како личност која со години е на удар од медиумите и психопатите на социјалните мрежи имам свое право да кажам дека на сите ни се крвави рацете, сите како друштво сме криви! Тоа што сум јас силна како животно и сум научена од мали нозе да не ме навредуваат и напаѓаат, не значи дека секој е јак и не значи дека тоа е нешто на што треба да се навикнете како да е нормално. Не е нормално да те навредуваат илјадници малоумници без слика и име на кој ниту едно зло не сум им направила, ниту во сенка сум им стоела“.
Карлеуша додава дека во 2019 година кога доживеала страшен медиумски линч и кога голите делови од нејзиното тело биле насекаде по медиумите, со месеци помислувала активно на најлошото…
-Од стресот ми падна косата, но бев јака поради моите деца и мајка и денес сум жива! Да сум имала 20 години како оваа девојка резултат најверојатно би бил друг. Зар треба да се плашиме од животот на нашите деца? Сега треба да реагираме и да бараме закон со кој они кои малтретираат други по социјалните мрежи ќе се осудат на затворска казна, ЈАВНО, вели таа.
Откри и дека дневно блокира по 1.000 профили преку кои и се посакувале смрт на неа и нејзините деца.