Ден после семејната драма во домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, српските медиуми ја посетија луксузната белградска населба во која тие живеат.
После драмата вчера во нивниот дом, денеска ситуацијата е поинаква.
Имено пред вилата немало голема раздвиженост. По улицата поминувале случајни минувачи, а во еден момент излегла домашната помошничка на Карлеуша, која го изнела кучето на прошетка и да фрли ѓубре.
Како што забележала екипата, таа од кесите и кутијата вадела и фрлала поголеми количини неотпакувана новогодишна декорација, која била намената за украсување на внатрешноста на куќата, но и за новогодишниот настап на Карлеуша.
Кога помошничката забележала дека новинарска екипа ја фотографира, се јавила некому, а потоа и ја прекинала прошетката на кучето и се упатила кон другиот влез на куќата, како не би ја фотографирале повторно.